Првите темели беа удрени пред само една година, а сега на оваа локација во индустриската зона во село Кадино во Општина Илинден се издига фабриката во која работниците ќе шијат квалитетни работни униформи за извоз. Инвестицијата е на холандската фирма "Ван Пајнброк текстил", а фабриката го носи името ВПТЕКС Македонија". Холандскиот инвеститор којшто вложи два милиони евра, најавува производство на професионална индустриска и заштитна облека. Веќе се ангажирани 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од наредниот месец за кога се најавува воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на следната година ќе следува и трета линија.
Првите темели беа удрени пред само една година, а сега на оваа локација во индустриската зона во село Кадино во Општина Илинден се издига фабриката во која работниците ќе шијат квалитетни работни униформи за извоз.
Инвестицијата е на холандската фирма "Ван Пајнброк текстил", а фабриката го носи името ВПТЕКС Македонија". Холандскиот инвеститор којшто вложи два милиони евра, најавува производство на професионална индустриска и заштитна облека. Веќе се ангажирани 50 вработени, а нивниот број ќе биде зголемен на сто од наредниот месец за кога се најавува воведување втора производствена линија. Во првиот квартал на следната година ќе следува и трета линија.
За изградбата на фабриката, според министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претходеле низа заеднички активности на инвеститорот, Владата и општината. За нас како Влада, истакна Јанакиески, е особено значајно што веќе во фабриката работат 50 лица и според најавите набрзо бројот на вработени ќе достигне 100.
- Значајно е и што фирмата е извозно ориентираната и ќе придонесе за извозот на Македонија, посочи Јанакиески.
Според него реализацијата на оваа инвестиција е уште една потврда дека холандските инвеститори веруваат во добрата бизнис клима во Македонија и условите што ги нуди како земја. Владата, укажа, продолжува со активностите за привлекување странски инвеститори. Јанакиески очекува примерот на компанијата да го следат и останатите инвеститори од Холандија и од другите држави.
Управниот директор на "Ван Пајнброк текстил", Роб Кваспен, истакна дека новата фабрика е всушност продолжување на нивното традиционално партнерство на македонскиот пазар, на кој што се присутни од пред 45 години. Одлуката за изградба на фабриката во општина Илинден ја донеле поради добрата клима за инвестирање. Илинден, оцени, има добра локација за инвестирање затоа што е во близина на аеродромот и има добра инфраструктура.
- Целта на оваа ВПТЕКС фабрика е да ги опслужи нашите потрошувачи според нивните тековни очекувања и желби. Исто така, планираме да отвориме и продажни канцеларии за изнајмување и чистење на работна облека. Целта не е само брзо и ефикасно да ја произведуваме нашата облека во Македонија, туку исто така и да ја пласираме тука и да го направиме нашиот бренд познат во Македонија, нагласи Кластен.
Холандската амбасадорка Мариет Шурман ја честита реализацијата на инвестицијата затоа што биле надминати сите пречки што се појавиле во меѓувреме. Новиот објект го илустрира холандскиот претприемнички дух и иновација и сметам дека ќе привлече многу други инвестиции, рече Шурман.
Градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски, смета дека новата холандска инвестиција ќе донесе нови технологии и практики, ќе пренесе многу знаења, отворање нови работни места, а со тоа и решавање на егзистенцијалните прашања на повеќе семејства
- Најдобра препорака за поволната бизнис клима во општина Илинден се токму директните странски инвестиции и домашните компании што се дел од бизнис-семејството, компании што ќе и носат економски раст на општината и значително намалување на невработеноста, наведе Стојановски.
"Ван Пајнброк текстил" има лидерска улога на меѓународниот пазар за професионална индустриска и заштитна облека од висококвалитетни материјали со традиција долга речиси 150 години.
Холандската компанија почна да ја реализира својата инвестиција во Македонија во септември 2012 кога беше поставен камен-темелникот. Пробното производство и обуката за вработените стартуваше во јуни годинава.